ДРАГАН ДАНЕВ ДО ПЕТАР АТАНАСОВ: Во опозиција бевте најгласен за реформите во образованието, две години сте на власт ништо не сте зуцнале

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска на седницата во Собрание на Република Македонија се дискутираше за предлог закон за изменување и дополнување на закон за студентски стандард со кој се врши изменување и дополнување на членот 49 од Законот за студентски стандард во насока во воведување на нов тип на студентски стипендии за студентите запишани на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишно воспитание, основно и средно образование.

Драган Данев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на седница во Собрание на Република Македонија се обрати до заменик министерот и го потсети дека бил еден од гласноговорниците на дотогашната опозиција во делот на образование и кога стапивте на функција или кога бевте избран од ова Собрание за функција заменик министер, очекувавме навистина да почнат одредени реформи. Реформи кои ќе одат во прилог на поквалитетно образование.

-Ние сме веќе некаде година и 9 месеци од распишување на редовни парламентарни избори, да не зборувам за вонредни парламентарни избори. Како глас на тогашна опозиција походот за доаѓање на власт го почнавте со незадоволството на студентите, на средношколците, на наставниците, на професорите. Се залепивте на тоа незадоволство како политичка партија и затоа сега кога сте на власт целата оваа номенклатура воспитна образовна во нашата држава од вас очекува и очекуваше сериозна дополнителна одговорност кога се работи за унапредување на овој воспитно образовен процес во Република Македонија, појасни Данев.

Данев запраша што добија граѓаните, и што добија сите чинители на овој процес? Добија еден нов закон, старо-нов закон за високо образование кој што е сублимат од претходни неколку предлози кои што доаѓаа од сите влади. Тој закон се уште не е почнат ниту да се имплементира и добија два закони за студентски и ученички стандарди. Едниот закон е за помагање на ученичките домови при нивно реконструирање, ако случајно се случат работи кои што не биле предвидени со плановите за работа од таа тековна година. Тоа е „сериозна“ реформа. И вториот закон за студентски и ученички стандард со кој оваа власт крати 1% од стипендиите за социјално загрозени семејства, а ќе се додаде на нова група на студенти кои ќе се запишат на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишно воспитание, основно и средно образование.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This