ДРАГАН ДАНЕВ: Казната за насилничкото однесување на СДСМ ќе стигне на 11-ти декември

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ и нивните удбашки структури се обидуваат да ја вратат Република Македонија во времето на најмрачниот комунизам кога тајната полиција определувала што може да се зборува, а што не, кога тајната полиција обвинувала и тајната полиција казнувала, вели Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

dragan-danev-640x299

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и нивните удбашки структури, завчера упаднаа во слободен медиум. Цел на нивната безумна агресија и овојпат беше неделникот Република. Лустрираниот началник на службата за државна безбедност, Иван Бабамовски крајно недолично влезе во новинарска редакција со намера да се заканува на новинари и колумнисти.

Ова е само уште еден од низата испади со кои СДСМ и нивните удбашки структури се обидуваат да ги заплашат и цензурираат медиумите, ограничувајќи ја слободата на изразување. Претходно новинари кои не беа под контрола на СДСМ/Сорос беа физички напаѓани, навредувани и попречувани во работењето. Цели новинарски редакции беа кршени во повеќе наврати само заради тоа што се осмелиле да имаат уредувачка политика надвор од онаа што ја диктира СДСМ/Сорос.

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува упадот во редакцијата на „Република“ и намерата да биде заплашен колумнистот и аналитичар Никола Србов. ВМРО-ДПМНЕ бара Министерството за внатрешни работи крајно сериозно да ги сфати ваквите насилнички акти и да преземе најостри мерки против сторителите. ВМРО-ДПМНЕ апелира СДСМ да се откаже од црната и деструктивна кампања, која значи провоцирање на инциденти и сценарија со кои би се фрлила дамка на изборниот процес.

Казната за ваквото насилничко однесување на СДСМ ќе стигне на 11-ти декември.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This