April 26, 2024, 10:27 am

ДРАМА ВО БЕЛГРАД: Ученик од шесто одделение со пиштол влегол во училиште

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според информациите од српските медиуми, ова не е првпат Л.Ќ. (12) на часови да дојде вооружен.

 

 

 

 

Ученик од шесто одделение во основното училиште „Владислав Петковиќ Дис“ во местото Велики Мокри Луг во близина на Белград, вчера вооружен влегол во училишната зграда и со пиштол во раката замавнувал на сите страни, поради што полицајци го бркале од училница во училница. За тоа време, соучениците и наставниците биле во шок, пишува српски „Блиц“.

Според информациите од српските медиуми, ова не е првпат Л.Ќ. (12) на часови да дојде вооружен. Инцидентот се случил вчера во 7.30 часот, додека другите ученици влегувале во училишната заграда за полеток на наставата.

– Момчето по влегувањето извлече пиштол од облеката и започна да вреска и да замавнува со оружјето. Децата кои веќе беа во училницата се преплашија. Неколку наставници веднаш излегоа од зградата и ги спречија другите ученици да влезат, а некој од нив имаше повикано и полиција – вели еден граѓанин кој ја носел својата ќерка на училиште.

На местото на настанот пристигнала и полициска патрола, по дојава дека вознемирено момче со пиштол во рака ги плаши соучениците.

– Тогаш се создаде вистинската драма, бидејќи момчето започна да бега низ училиштето, а полицајците го бркаа како на филм. Ученикот буквално трчаше од училница до училница, а по 10 минути тие успеаја да го стигнат, го совладаа и му го одземаа пиштолот. Драмата се заврши по речиси половина час – наведува сведокот и додава дека никој не знае зошто момчето се одлучило да го направи тоа.

Друг родител додава дека ова не е првпат момчето да прави инциденти во училиштето.

– Момчето и претходно носеше пиштол во училиштето и предизвикуваше инциденти. Веројатно нема да одговара поради своите години, но мора да му се застане на патот – истакна загрижен родител на ученичка од ова училиште во Велики Мокри Луг.

Српските новинари вчера се обиделе да стапат во контакт со училиштето во Велики Мокри Луг за да добијат информации за тоа што се случило, а оттаму само кратко одговориле дека поради испадот на ученикот е свикан итен состанок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This