ДРАМА ВО НАСЕЛБАТА ОРМАН: Пејачката Тахири претепала и вербално нападнала 12 годишно дете

Поврзано

- Advertisement -
Аделина Тахири вербално навредувала и претепала 12 годишно девојче во комплексот Орман. Случајот бил пријавен и во полицијата која направила соодветен записник.
Пред да пристигне полицијата Тахири упатила и закани по живот за детето и нејзиното семејство, повикувајќи се на блискоста на нејзиниот сопруг со високи структури во политиката.
Денес случајот е објавен и во официјалниот билтен на МВР.
-На 08.06.2020 во 00.20 часот, Б.П.(52) од Скопје пријавила дека на 07.06.2020 околу 20.00 часот во с.Орман, во комплекс згради во круг на детско игралиште, А.Т.М.(28) од Скопје со употреба на физичка сила и закана одзела мобилен телефон од нејзината 12 – годишна ќерка. Се работи на расчистување на случајот, стои во билтенот на МВР.
Соодветните институции во државата вклучувајќи го и невладиниот сектор и здруженијата до овој момент, сеуште се без никаква реакција за случајов.
Нашата редакција ќе го следи овој случај и сите останати случаи поврзани со насилството врз децата и навремено ќе ја  информира јавноста , за текот на постапките и превземените мерки од страна на надлежните.
- Advertisement -

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This