ДРАМА ВО СКОПСКА КАФАНА: Кршеле маси, столици се удирале со шишиња

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ноќеска во 02.40 часот во угостителски објект на булевар “Св. Климент Охритски” во центарот на Скопје, нарушен е јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка. Во дневниот билтен, МВР информира дека било излезено на местото на настанот од страна на полициски службеници, при што е констатрано дека А.Д. (20) од едната страна и В.П.(25) и Д.М.(26) од другата страна, сите од Скопје, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка при што истите се удирале со шишиња и чаши меѓу себе.

Причина за нарушувањето е меѓусебно недоразбирање во врска со девојка. На Д.М. и В.М. им е укажана лекарска помош во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде им се констатирани телесни повреди, додека кај А.Д. не се забележани видливи повреди. Поднесени се три записници за констатаиран прекршок по член 5 и член 11 од Закон за прекршоци против јавниот ред и мир.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This