Драма во Тетово – Полицијата морала да пука

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера во 21 и 20 часот, по претходно добиена информација за лицето Н.М 33- годишен од Тетово кој се бара за издржување на казна затвор во траење од седум месеци, полициски службеници отишле на улица „Киро Ристовски Дрнц“ каде затекнале паркирано моторно возили „Форд Фокус“ без регистарски таблици, во кое на совозачкото седиште во легната положба бил Н.М.

167296451330869070268307121826970n-copy

Кога ги забележал полициските службеници ги заклучил вратите и се префрлил на возачкото седиште, по што го стартувал возилото.

Најпрво тргнал наназад, а потоа тргнал нанапред и поминал веднаш покрај службеното моторно возило, како и покрај едниот полициски службеник.

Со цел да го спречи во намерата да побегне едниот од полициските службеници од службениот пиштол испукал три куршуми во воздух , но, и покрај тоа Н.М со возилото успеал да побегне во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This