Драма на бензинска пумпа: Изгоре Ламборгини во вредност од 300.000 долари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако во изминатата година имаше повеќе случаеви со самозапалување на Ламборџини, овој пат некој друг е виновен.

Ламборгинито на Хуракан Перформанте, се запалило на бензинска пумпа во САД, додека неговиот сопственик го плаќал горивото.

Минувачите што приметиле дека одеднаш избил пожар во возилото, можело да им изгледа дека дошло до самозапалување – што не би било необично за Ламборгини, бидејќи такви случаеви се веќе забележани низ светот. Меѓутоа, видеото што го направил еден обожавател на спортски автомобили, ја открива вистината.

Имено, сопственикот на комбето што ставал гориво покрај паркираниот автомобил на Хуракан, заборавил да го извади цревото од резервоарот на своето возило кога си заминувал од бензинката пумпа. Цревото се извадило од апаратот и го испрскало со бензин задниот дел на Ламборџинито, каде што се наоѓа моторот што веќе бил загреан од возење, после што избувнал пожарот.

Пожарникарите што набрзо стигнале, го изгаснале пожарот и спречиле поголема трагедија, но за синото Ламборгини било предоцна, бидејќи автомобилот потполно изгорел. Во пожарот, за среќа никој не е повреден.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This