ДРАМА НА СРЕДБАТА НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ: Голем број од граѓаните ја напуштија средбата поради политичкиот говор на Цветанка Ласкова

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Татковината-Копнеж на прогонетите, гласеше слоганот на петтата светска средба на децата бегалци од Егејска Македонија, кога се одбележа 70-тата годишнина од ѕверскиот прогон на Македонците од Грција. Одбележувањето на денот на децата бегалци се претвори во скандал кога советничката за култура на Заев, Цветанка Ласкова започна да држи политички говор наместо говор за децата бегалци, а чашата ја прели писмото испратено од Зоран Заев. Имено таа во говорот, како и писмото на Заев ја промовираа владата и го воспеваа договорот постигна со Грција за промена на името на Македонија. На ваквото однесување граѓаните кои присуствуваа жестоко реагираа и ја напуштија салата.

-Ние дојдовме да се запознаеме да се видиме кој од каде сме и кој сме. Меѓутоа оваа средба е злоупотребена. Оваа средба е на политички начин заведена, изманипулирана. Без разлика од која политичка партија изманипулирана, изјави еден од присутните.

Тој вели ние дојдовме да си ги кажеме страдањата, а не да ни држат политички предавања кој како сторил и какви договори склучиле со кого. Кога заврши говорот на Ласкова присутните се вратија во салата за да се видат со присутните кои останаа во салата, нивни роднини и пријатели.

Ласкова изјави дека таа е советничка на Заев за култура и дека е сосема нормално да одржи таков говор. Следува референдум истакна таа и секој ќе го каже своето мислење дали е за ЕУ и НАТО или пак не.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This