ДРАМА НА ШАР ПЛАНИНА: Браќа од Скопје останале зaглавени, на едниот му се слошило

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинска драма се одвивала на Шар Планина каде на двајца браќа од Скопје им се случил дeфект и останале зaглавени, а на едниот му се влошила здравствената состојба.

Околу 21 часот и 15 минути, во Секторот за внатрешни работи Тетово било пријавено дека 31-годишниот Е.Х. и неговиот брат 25-годишниот С.Х. од Скопје, кои околу 14 часот со мотоцикли се упатиле кон Титов врв на Шар планина и планирале да стигнат во Стрезимир, зaталкале во планината, а им се случил и дефект.

На Е.Х. му се влoшила и здрaвствената состојба, па неопходна му била лекарска помош.

Веднаш по пријавувањето, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Маздрача и од Секторот за внатрешни работи Тетово, поделени во неколку групи, започнале со пребарување на теренот, а околу 1 часот тие биле пронајдени на потегот помеѓу Титов врв и Враца рид, над Боговиско езеро, по што за кусо време биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош и потоа заминале во своите домови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This