ДРАСТИЧНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ: Африканската чума ја зголеми цената на свинското месо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Појавата на болecта африканска чyма низ Европа кај свињите доведе до зголемување на цената на истото за 20 до 30 проценти. Домашните трговци велат дека зголемените цени во Франција и Шпанија за кратко ќе ги зголемат цените кај нас, бидејќи ние главно свинско месо увезуваме од овие две држави.

Африканската чyма за една недела ги зголеми цените на свинско и прасечко месо во Европа за цели 19 отсто. Болecта се појави неодамна и ја има на скоро сите континенети. Засега најзафатени се леглата во Европа, Азија и Африка. Во Европа најзасегнати се Романија, Бугарија, Полска и Латвија. Во Азија пак болecта засега ја има во Кина и Виетнам, а во Африка во цел јужен дел на континентот.
Според светските анализи цената на суровината на светските пазари од свинско месо е зголемена за цели 30 отсто.

Кај нас засега нема некое поголемо движење на цената нагоре, но според трговците сега се трошат залихите кои се претходно увезени.

Ефтим Шаклев од Асоцијацијата на земјоделци за 24 инфо вели дека ние сме мал пазар и дека сме увозно зависини.

-Засега цените се исти. Како ќе одат нагоре во ЕУ веројатно ќе има влијание и овде кај нас бидејќи ние главно увезуваме свинско месо посебно за преработувачката индустрија- вели Шаклев.

Според аналитичарите ова се случува бидејќи најголемиот производител и извозник Кина веќе изгуби еден милион свињи во текот на 2019 година заради зapaзата. Во Германија поскапувањето е 25% – од 1,36 до 1,70 евро на килограм жива мера. Во Шпанија цената е зголемена за 28% проценти од 1,04 до 1,33 евро на килограм. Во Холандија цената е поскапена за 27 проценти, до 1,77 евра, а во Данска 21% или 1,38 евра. Недостигот на месо в Кина ќе ја зголеми и цената на светско ниво на суровината од свинско месо која се користи за производство на сувоменати производи.

Асоциацијата на производители на свинско месо во Бугарија вели дека наскоро се очекува дpастично зголемување на цените на Балканот бидејќи тие во главном се зависни од увоз на суровина на свинско месо кое се користи во преработувачка индустрија, а ова ќе значи и повисоки цени на сувоменатите производи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This