April 27, 2024, 12:28 am

ДРАСТИЧНО НАМЕЛЕНИ ПЛАТИТЕ НА СПЕЦИЈАЛЦИТЕ: Дали Шекеринска намерно ја ослабнува националната безбедност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синдикатот на Одбраната и Безбедноста во која членуваат припадници на Армијата на Република Македонија, особено припадниците на специјалние единици, реагираат на одлуката на Владата за укинување на дополнителните бодови со што нивните примања значително се намалуваат.

Од синдикатот реагираат дека Владата на ден 22.01.2019 година донела „ Уредба за престанување на важењето на уредбата за утврдување на посебните специјалности од особено значење за Армијата на Република Македонија“, со која од 05.02.2019 година се Укинува „Уредбата за утврдување на посебните специјалности од особено значење за Армијата на Република Македонија“ донесена на ден 27.08.2012 година.

Тоа значи дека на припадниците на одредени единици од АРМ им се укинува законското право на дополнителни бодови, иако според Законот за Служба на Армијата на Република Македонија, член 153, тоа ги следува. Затоа СОБ изврши консултации со нашите правни застапници, и за понатамошните активности кои што ќе ги преземе раководството на СОБ ќе бидете известени преку претседателите на Регионалните синдикални организации и преку социјалните мрежи т.е преку нашата ФБ страница. 

Со оваа одлука, Владата им го ускратува правото на припадниците на Специјални сили да добивват дополнителни бодови и ги порамнува со останатие приадници од обични армиски одреди и администрација.

Со оваа одлука се фрла уште една црна дамка на Министерството за одбрана и Армијата во однос на третманот на бранителите, притоа обезвреднувајќи ги нивните дополнителни напори и работа во однос на безбедноста на државата и справување со специфични задачи како и посветеноста и обуките кои овие единици постојано ги имаат.

Во армиските кулоари се шпекулира дека оваа одлука треба да ги деморализира припадниците на специјалните единици кои се фокусирани исклучиво за акции во и на територијата на Република Македонија и да ги натера да ја прифатат „непринципиелна пракса“ со заминување во контингентите за потребите на НАТО.

Оваа пракса и досега беше присутна во армиските единици, каде одредени припадници благодарение на НАТО мисиите заминуваа на мисии во Авганистан, Ирак и дрги земји од блискиот исток, додека припадниците на специјалните единици од секогаш биле фокусирани и посветени на домашната безбедност.

Дали оваа одлука е производ на агендата на Заев и Шекеринска и нашето зачленување во воениот сојуз со кој наши војници треба да служат за топовско месо на некои фронтови за кои немаме допирна точка, а егзистенцијата на припадниците ќе се заснова исклучиво на хонорарите од учество во акциите на НАТО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This