April 24, 2024, 11:06 pm

ДРВЦЕ ДА НЕ ОСТАНЕ НИЗ СКОПЈЕ: Шилегов најголем непријател на зеленилото – сече дрва низ цело Скопје!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжува уништувањето на зеленилото во Скопје. Неколку децениски дрвја станаа жртва на сеча во скопските општини. После масакрот на дрвја во Аеродром, Чаир, Карпош сега тоа продолжува и во општина Центар, иако во предизборната кампања беше ветувано зголемување на зеленилото, а не негова сеча.

Пред само два дена екипа од ЈП „Паркови и зеленило“ исече дрвја во општина Центар. Според она што го објавуваат дел од медиумите се наведува дека се работи за неколкудецениски здрави дрвја. Револтот кај граѓаните не стивнува како што тие велат ова е до сега невиден масакар врз животна средина и покрај ветувањата на СДСМ и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов дека ќе го надоместат уништеното зеленило.

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ во буџетот на општината предвиде пола милион за доделување на кошаркарскиот клуб Работнички, додека за животната средина и загадувањето предвиде само 60.000 денари, со што предизвика револт и незадоволство кај граѓаните.

Исто така паркобранителите кои во опозиција знаеја да протестираат за исечени грмушки, денес не реагираат. Но, загрижува и фактот што и дел од медиумите на власта не реагираат на ваквото постапување. Ова не е прв ваков случај каде што медиумите блиски до власта не реагираат. Исто така поради популистички мерки, во минатото сега позициската СДСМ знаеше да излезе на прес конференции и да бара оставка и одговорност од тогашниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски за наводно уништување на зеленилото, но сега тоа не е случај со Петре Шилегов.

Со ова само уште еднаш се потврдува фактот дека СДСМ и Шилегов не водат грижа за здравјето на граѓаните и здрава животна средина, туку за дограбување до мека удобна фотелја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This