ДРЖАВАТА БЕЗ НИКАКОВ ОДНОС КОН ШАМПИОНИТЕ: Заев немал ништо во план за да ги награди македонските ракометни xерои

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Исто како и пред две години, и оваа историска победа во најелитната европска ракомента лига ќе помине без признание и награди за Вардарци од страна на премиерот Зоран Заев и владата на Република Македонија. Тогаш единственото нешто што хероите добија од Заев беше прием, вода, кафе и сок, а тој од клубот доби златен медал и секако дрес со боите на Вардар.

И годинава, како што кажаа во краткиот телефонски разговор од Владата за „Република“, барем засега нема во план да се одредат средства како награда од нивна страна за ракометарите на Вардар. Нивниот официјален став и изјава на тема Вардар требаше да биде испратен до медиумите во текот на денот, но до објавувањето на текстот, одговорот не е пристигнат.

Не дека оваа наградата од Владата за овој успех би им ги променила животите на црвено-црните, но ќе беше добар гест за да се покаже дека покрај тоа што Вардар има однос кон државата, и државата има однос кон Вардар, гордоста на цела Македонија.

Заев лично, пак, годинава се наоѓа и во уште покомплицирана политичка ситуација, зошто неговите медиуми и „инфлуенсери” со месеци го напаѓаа Столе Стоилов и го правдаа изразот на коментаторот на националната МТВ2 „играчот со број 5“. Стоилов и Борко Ристовски, со месеци беа навредувани на социјалните мрежи од платениците на СДСМ, а, како прваци на Европа, ќе бидат примени во кабинетот.

Стоилов вчера повторно отворено го кажа својот став, овојпат пред цела Европа, кога на прес-конференцијата по победата кажа „мојата земја, Република Македонија“, откако беше претставен како шампион на Северна Македонија.

Заев и Шилегов ја честитаа победата, но не се знае дали ќе присуствуваат на самиот пречек за да соберат дневно-политички поени и да играат на карта популизам, но и како би биле и самите пречекани од самиот Стоилов и ракометарите.

Заев денеска е зафатен со посетата на Јенс Столтенберг и Самитот на НАТО, кои му дојдоа како добро алиби воопшто да не се појави на големото славје на плоштадот.

А, Владата не го организира ни тој пречек на нашите шампиони од Келн, таа обврска ја презеде Град Скопје. Скопскиот градоначалник преку „Фејсбук“ Петре Шилегов објави дека побарал од советниците Град Скопје да му додели на клубот награда во износ од шест милиони денари.

Тој побара Советот да донесе одлука и за подмирување на 39.500 евра за чартер летот со кои Вардарци ќе присигнат попладнево, како и сума во износ од околу два милиони денари за организација на настанот, односно за пречекот на ракометарите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This