ДРЖАВАТА БИЛА ВО МНОГУ ОПАСНА СИТУАЦИЈА: Лидерот на БЕСА смета дека државата била во критична ситуација!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

БЕСА ќе придонесе преговорите да завршат со договор меѓу партиите за да се формира ДИК и да има успешен и добро органиизран референдум, изјави на денешната лидерска средба лидерот на партијата Билал Касами.

– Државата е во многу критична состојба и во многу значајна позиција е сериозно да продолжи во процесот на евроинтеграции. Затоа го поздравуваме овој состанок. Интензивните преговори на политичките чинители се многу важни затоа ќе придонесеме активно овој процес на преговори да заврши со договарање меѓу политичките партии. ДИК да се формира, референдумот да биде успешен во насока на негова организација со цел да се отвори можност сите граѓани слободно да се изјаснат и да ја изразат својата волја се со цел Македонија еднаш засекогаш да стане членка на НАТО и ЕУ – рече Касами.

Наредните денови ќе продолжат разговорите на лидерите на најголемите политички партии кои на денешната средба во Клубот на пратениците бараа решение за составот на Државната изборна комисија, претстојниот есенски референдум за името, формулацијата на реферндумското прашање…

На средбата речиси четири часа се водеа разговори меѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Билал Касами од Беса.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This