ДРЖАВАТА МОРА ДА ФУНКЦИОНИРА И ВО НАРЕДНИТЕ 100 ДЕНА: Ова се предлозите за новите министри од опозицијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Очекувам да покажеме лидерство во сите институции и крајно време е Македонија да има фер и демократски избори и власта да ја вратиме кај граѓаните
emil_sobranie
Во Собранието започна расправата за избор на новите министри согласно договорот од Пржино. Во Владата ќе седнат истите министри и заменици-министри што седнаа за изборите што требаше да се одржат на 24 април.

Оливер Спасовски ќе биде нов министер за внатрешни работи, а Фросина Ременски за труд и социјала. Дополнителен заменик-министер за финансии ќе биде Кире Наумов, за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски и дополнителен заменик-министер во Министерството за земјоделство е Љупчо Николовски.

Премиерот Емил Димитриев посочи дека за кус период се формира влада за спроведување на изборите и дека по двата неуспешни обиди очекува да бидат организирани фер и демократски избори. Тој очекува посветена работа од министрите и од замениците, што не беше случај минатиот пат.

– Очекувам да покажеме лидерство во сите институции и крајно време е Македонија да има фер и демократски избори и власта да ја вратиме кај граѓаните. И овие сто дена државата мора да функционира и мораме да бидеме посветени на економијата и на отворањето работни места – посочи премиерот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This