April 18, 2024, 10:48 am

ДРЖАВАТА МУ ДАДЕ БИЗНИС НА АНЃУШЕВ: Браќата Анѓушеви ја убедија Шекеринска да им дозволи бизнис

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со согласност на Владата, над девет илјади квадратни метри државно градежно земјиште со непосредна спогодба е дадено под закуп на фирмата МХЕ Тополки од Скопје. Ќе се гради мала хидро електрична централа и придружни објекти. Одлуката е донесена на 11 – ти јуни годинава, а долготрајниот закуп на 32 парцели во село Дреново во Тиквешијата го потпишала вицепремиерката Радмила Шекеринска. Освен непосредната спогодба на прв поглед ништо друго не боде очи во објавената одлука во 127 – от број на Службен весник, пренесува Алсат.

Името на фирмата Тополки е речиси непознато за јавноста. Но, во компанијата која се спогоди со државата за закуп на државно градежно земјиште управител е Тодор Анѓушев – брат на вицепремиерот за економија Кочо Анѓушев. Тековната состојба на фирмата во Централниот регистер покажува дека Тополки која ќе гради хидроелектрична централа, е во сопственост на Хидро Холдинг, а содружник во сопственоста е и Феро Инвест.

Газди пак, на Феро Инвест се вицепремиерот Кочо Анѓушев, брат му Тодор и извесен Никола Гравчевски. Па така, документите од Централниот регистер покажуваат дека во сопственичката и управителската структура на „Тополки“ се членови на семејството Анѓушеви. Кочо Анѓушев е вицепремиер во владата, а фирмата која закупи градежно земјиште е управувана од брат му. Но, и покрај евентуалниот конфликт на интереси, владата донела одлука и го дала под закуп земјиштето. Во Службен весник во објаснувањето на одлуката на Владата стои.

Службен весник 21 јуни 2019:

„Согласно проект за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба, мала хидроелектрична централа Тополка и придружни објекти од октомври 2016 година изработен од БИЛД ДООЕЛ, а одобрен – заверен со потврда за заверка од 21.10.2016 година од Министерството за транспорт и врски за изградба на мала хидроелектрична централа“.

Во мај годинава Антикорупционерите отворија случај за постапките за закуп на државно градежно земјиште од фирмата „Тополки“. Но и покрај оформениот случај за можен судир на интереси, Владата даде под закуп земја на фирмата каде управител е Тодор Анѓушев, а дел од сопствениците е вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This