ДРЖАВАТА НАЈГОЛЕМ РАБОТОДАВАЧ: Речиси 140.000 вработени во администрацијата, 1.600 по рамковен земаат плата не одат на работа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во државната администрација, во локалната самоуправа, во јавните претпријатија, во акционерските друштва во државна сопственост вкупно се евидентирани 139.009 вработени, соопшти министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

– Ова е првпат да се објави вкупната бројка на вработени во јавниот сектор, вклучително и оние привремено вработени и вработените во акционерските друштва во државна сопственост. Притоа, со привремени вработувања сега се 1.624 луѓе, за разлика од април 2017 година, кога биле 2.064 – рече Манчевски.

Тој и државниот секретар во МИОА, Јахи Јахија објаснија не дошле до овие бројки по лесен пат, затоа што, според нив, голем број од корисниците на буџетот или не знаеле како да внесат податоци или пак не го сметале тоа за важно.

– Со молење, инспекции, стимулација и обука, притискавме да се достават податоци. Решението да се ограничи исплатата на платата е екстремно решение, но е единствениот начин – рече Јахија.

Според податоците, од вкупната бројка од 139.009 луѓе кои добиваат плата од буџетот, 59,96 отсто се вработени на локално ниво, а 40,03 на централно. Притоа, 54 отсто се жени, а 46 отсто мажи. Гледано според националност, 75,36 отсто се Македонци, 19,31 отсто Албанци, 1,84 отсто се Турци, 1,14 отсто се Роми, 1,14 отсто. Од аспект на образование, 42,45 се со факултетска диплома, 34,81 отсто со средно, 9,67 со основно образование…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This