ДРЖАВАТА НЕМА ПАРИ ЗА ПЛАТИ: Нема пари за исплата на минималната плата, но нема пари ни за плати пред избори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наспроти предизборните популистички ветувања дека работниците ќе добијат зголемена септемвриска минимална плата, фактичката состојба покажува дека Владата предводена од Зоран Заев, односно Министерството за финансии нема пари за исплата на минималната плата, ветување кое пред локалните избори како мерка беше донесена од страна на новата влада.

Според известувањето од Министерството за финансии до другите министерства и институции, кои потоа ги известиле своите финансови служби, од нив се бара септемвриската минимална плата да биде подготвена без примена на Законот за изменување и дополнување на законот за минимална плата, односно без зголемување на минималната плата која во бруто износ требаше да изнесува 17.130 денари.

„Почитувани, Ве известуваме дека платата за месец 9/2017 треба да ја подготвите без примена на Законот за изменување и дополнување на законот за минимална плата во Република Македонија (Службен весник на РМ бр.132/2017 година) , односно без зголемување на минималната плата која во бруто износ требаше да изнесува 17.130 денари.Насоките се добиени од Министерство за финансии во текот на вчерашниот ден (9.10.2017 година). Значи, треба да доставите нова декларација и пресметка на плата без зголемување на минималната плата“, се вели во дописот.

Ова значи дека септемвриската исплата на минималната плата, која работниците требаше да ја добијат зголемена, е само предизборен трик на новата власт предводена од Зоран Заев. Со насоките добиени од Министерството за финансии, декларацијата и пресметката за ветената зголемена плата за септември, финансовите служби треба да ги направат без зголемување на минималната плата.

„Во Законот за минимална плата во РМ е предвидено исплатата на минималната плата да се врши со септемвриската плата“, изјавија во понеделникот од Министерството за труд и социјална политика.

Ова практично значи дека Министерството за финансии признава дека пари за исплата на минимална плата нема, а граѓаните и работниците се само жртви на уште една предизборна измама на новата влада.

Не само за минималната плата, пари нема ниту за платите во институциите од културата пред 15 септември.

-За прв пат по 11 години нема да примиме плата до 15-ти во месецот. Министерството за финансии не ни ја прима апликацијата за плати и велат да се однесе после избори, ни рекоа во една институција од областа на културата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This