Државен правобранител не знае дали имало штета врз буџетот во судскиот предмет “Топлик”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во кривичен суд во тек е главна јавна расправа за предметот на СЈО “Топлик”, на која одбраната вкрстено го испрашува претставникот на Државното првобранителство, Александар Малинчевски.

Тој е повикан од страна на судот за произнесување во врска со имотно-правното побарување за предметот “Топлик”. Во поднесок од 03.12.2018 година тој истакнува дека “до овој момент заштитени се имотно-правните интереси на РМ”. Исто така, во дописот се вели дека не постои штета врз буџетот, но доколку судот пронајде вина кај обвинетите, Правобранителството ќе се приклучи со оштетно побарување.

До претставникот на Државното правобранителство со прашање се вклучи и судијата Огнен Ставрев.

-Сите ние сме сопственици на државниот буџет. Сакаме да знаеме дали сме претрпеле штета. Има или нема штета? Александар Малинчевски не знаеше да одговори дали имало или немало штета врз буџетот.

Инаку, Малинчевски од 2008 до 2011 година ги водел управните и судските постапки за конкретниот предмет “Топлик”, па според одбраната не е можно тој да не е запознаен со членот 14 од договорот во кој се вели дека доколку купувачот не извади одобрение за градба во рок од 6 месеци, се активира банкарската гаранција на купувачот. “За каква штета зборувате?” – праша адвокатот Еленко Миланов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This