Државниот санитарен и здравствен инспекторат влезе во куќата на доктор Мухамед Асани, лекарот и директор на струшката болница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инспектори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во придружба на полицијата попладнево влегле во куќата на лекарот и директор на струшката болница, доктор Мухамед Асани, потврдуват за Слободен печат од инспекторатот.

„Бидејќи во тек е стручен надзор, во овој момент не можеме да споделуваме информации со јавноста”, велат оттаму.

И од МВР потврдуваат дека нивни екипи асистирале во операцијата, но зошто била потребна нивната асистенција, со каква цел било влегувањето во домот на докторот засега не се открива.

За потсетување, пред неколку 28-годишната Јилдиз Веповска излезе во медиумите со потресното сведоштво. Таа седела во агонија во струшката болница пред докторите да проверат зошто таа има силни болки во стомакот.

Постојано се жалела на болки во стомакот, но и покрај лошата здравствена состојба, директорот на болницата, д-р Мухамед Асани три дена по породувањето и дал отпусно писмо. Но, веднаш штом го повикала сопругот, нејзината состојба значително се влошила.

-Јас добивам огромни напади, плачам, пискам, викам и кажувам дека имам огромни болки. Му се јавувам на мојот сопруг, му велам: „Јас умирам, барај го докторот“, додавајќи дека откако дошол д-р Асани заедно со анестезиологот, ѝ направиле ЕХО и ѝ рекле дека мора да влезат во операциската сала.

На Веповска не ѝ било јасно зошто повторно треба да оди на операција, а медицинскиот персонал не ѝ кажувал зошто треба да се оперира. Влезот во операциската сала е последното нешто на што се сеќава. 10 дена била во кома, а се разбудила во Скопје на КАРИЛ без едниот бубрег, матката и јајникот.

– Кога се будев, јас сум Скопје, на КАРИЛ, на 300 апарати на Интензивна нега, вели Јилдиз.

Таа и нејзиното семејство се сомневаат дека наместо д-р Асани, породувањето го вршел неговиот син, и оти тука некаде се случила грешката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This