ДРСКИ И БЕЗОБРАЗНИ ШАЛТЕРСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО СТРУМИЦА: Граѓаните се жалат на безобразен однос – за извод чекале и по една недела!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дрскост, непочитување на барањата на клиентите, непристоени, саркастичени дури и безобразни. Вака ги опишуваат граѓаните некои од шалтерски работници во матичната служба во Струмица. Граѓаните кои сакаа да останат анонимни до нашата редакција реагираат на речиси секојдневниот испад на неколкумината од овој пулт, пренесува регионалната телевизија „Вис“

Од Управата велат дека се запознаени конкретно за последниот испад, односно вчера попладне, на двајцата вработени на шалтерите и дека веќе е разговарано со нив.

За изводот на родени, починати или венчани, на кој службениците треба само да напишат лични податоци, граѓаните чекаат и до една седмица. А притоа морале да го трпат сарказмот на дрските шалтерски работници.

Раководителот на службата признава и се пожали дека се дефицитарни службените лица па затоа и толку се чека, но не го оправдува вчерашниот инцидент. Од главната дирекција на службата за телевизија „Вис“ уверуваат дека против службениците ќе бидат покренати санкции за непочитување на службена должност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This