ДРСКОСТА И БЕЗОБРАЗИЕТО ПРОДОЛЖУВА:Шефот на Канцеларијата на НАТО во Скопје, повикува на референдум во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Горазд Бартол, шеф на Канцеларијата на НАТО во Скопје, во интервју за МИА изрази надеж дека следната година, кога Алијансата ќе одбележи 70 години од основањето, во седиштето на НАТО во Брисел ќе се вее и македонското знаме.

Тој вели дека процесот на разговорите, кои и официјално почнаа кон крајот на месецот, откако земјата на Самитот во Брисел доби покана за членство, е всушност оценка за подготвеноста на земјата да стане дел од Алијансата.

Словенечкиот морнарички капетан ја потенцира важноста од конечно решавање на спорот со Грција за името.

„Би сакал да ја поздравам Владата која постигна толку многу за толку малку време“ вели морнаричкиот капетан Бартол.

Капетанот вели дека членките на НАТО, како и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг навистина топло го поздравија Договорот со Грција како големо достигнување и на Скопје и на Атина со кој се дава пример за другите во регионот. Јасно е дека спорот за името надвиснуваше над регионот премногу долго.

„Со оглед на огромната поддршка за НАТО во земјава, над 70 отсто, ги повикувам граѓаните јасно да го искажат своето мислење во голем број. Не само како претставник на НАТО, но и како Словенец, кој е се уште некако емотивно поврзан со вашата земја – цврсто верувам дека ќе ја искористите историската прилика, не само во интерес на сегашните генерации, туку и во интерест на идните.

За жал, многу е јасно дека без финализација на договорот, која вклучува и промена на Уставот, вашата земја не може да стане членка на НАТО во скора иднина“ вели Горазд Бартол во интервјуто за МИА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This