ДРУЖБА НА ГВАРДИОЛА И СЕТЈЕН: Со чаша вино ја прославиле победата над Реал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По дуелот меѓу Кралевите и Граѓаните, двајцата стратези вечерале во истиот хотел и може да се претпостави која била главната тема на разговор.

 

 

 

 

Пеп Гвардиола и Кике Сетјен имале средба истата вечер по победата на Манчестер сити против Реал Мадрид од 2-1 на „Сантијаго Бернабеу“. Двајцата стратези се сретнале по мечот во хотелот каде што престојувал англискиот првак, заедно вечерале, по што Пеп го поканил Сетјен на чаша вино и приватен разговор.

Лесно може да се претпостави темата на разговор ако се знае дека во недела ќе се одржи второт овосезонско Ел Класико, во кое Барселона гостува кај Кралевите.

Сетјен еден ден пред осминафиналниот дуел во ЛШ контактирал со Пеп за да му каже дека планира да присустува на спектаклот, а потоа би сакал да се видат. Сетјен резервирал престој во истиот хотел каде што се сметиле Граѓаните, а тоа е хотелот „Еуростарс Мадрид тауерс“, во којшто Барселона редовно престојува кога гостува во Мадрид.

Скенирањето на Сетјен помина полесно отколку се очекуваше бидејќи Гвардиола речиси да му го покажа начинот како да се совладаат Кралевите пред нивни навивачи, па ќе се обиде тоа да го стори со Каталонците, кои пред дербито имаат два бода предност во однос на најголемиот ривал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This