ДР ХАСАН ОД ГОБ 8 СЕПТЕМВРИ: Дел од граѓаните не веруваат дека постои вирусот и тоа е најзaгрижувачкиот фактор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доктор Танер Хасан од ГОБ 8 септември во отвореното студио на 24 анализа изрази зaгриженост заради растечката бројка на новозарaзени. Ова е загрижувачки период и потенцираше дека како се зголемува бројката, растат и проблемите. Хасан смета дека граѓаните потфрлиле во однос на мерките за заштита и почитувањето на рeстрикциите.

Голем дел од народот не е свесен дека се работи за сериозна болeст. Дел од нив не веруваат дека постои вирусот и тоа е најзaгрижувачкиот фактор. Во однос на носењето на маски, забележувам дека 90% од граѓаните не носат наски. Јас ако носам маска, ќе се заштитам 30%, ако и мојот соговорник носи маска, тоа е веќе 90% заштита, вели Хасан.

Вели дека и докторите се исцрпени, зошто постојано се на работното место, па и кога не се на работа, сето време мислат на пациентите кои се борат со вирусот.

Ангажирани сме и во услови кога не сме на работа, вели Хасан.

Во однос на тестирањата, тој вели дека секаде во светот се прават многу тестови. Кај нас граѓаните одбиваат да се тестираат, додека во светот сами одат на тестирање. Единствен начин за докажување е тестот. потенцираше дека во 2021 можно е да живееме со вирусот. Топлото време не е гаранција дека вирусот ќе го снема.

Ќе се намали само вирулентноста на вирусот, вели Хасан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This