April 16, 2024, 11:10 am

Дуелот на Хамилтон и Ботас ги зачини првите квалификации во 2019 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Валтери Ботас успеа да го мотивира тимскиот колега Луис Хамилтон за ново перфектно издание во квалификации за една Ф1 трка, влегувајќи во последната сесија со подобар резултат од него изразен со половина секунда предност.

Сепак, во финишот на третата сесија Британецот извозе 1: 20.486, што беше нов рекорд на патеката и со предност од 112 илјадити делови од секундата ја освои пол позицијата. Тоа е негов 84 пласман на најдброто стартно место, а по осми пат го прави тоа во Мелбурн, со што изедначи рекорд во сопственост на Михаел Шумахер и Аиртон Сена, кои имаат по осум пол позиции во Сузука, односно Имола.

Во вториот ред се позиционираа Себастијан Фетел и Макс Ферстапен, кои задоцнија седум односно осум десетинки, со што ја илустрираа надмоќта на „сребрените стрели“. Шарл Леклер е последниот возач во иста секунда со Хамилтон, додека Грожан и Магнусен веќе имаа задоцнување од 1,3 и 1,6 секунди.

Најпријатното изненадување е дебитантот со Мекларен, Ландо Норис, кој се најде на 8 место со минимална предност во однос на Кими Раиконен, додека десетти беше Серхио Перез.

Во втората квалификациска сесија меѓу оние што испаднаа најбрзи беа Хулкенберг и Рикиардо од Рено, додека вториот возач на Заубер, Антонио Џовинаци ги раздвои пилотите на Торо Росо, Александер Албон и Данил Квјат на 13 и 15 место.

Меѓу петте испаднати во првата сесија се најдоа Ленс Строл, Карлос Саинц и Пјер Гасли, додека најслаби времиња забележаа пилотите на Вилијамс, Расел и Кубица.

Стартот на трката за Големата награда на Австралија е во 6.10 часот по средноевропско време.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This