Дуерте со мopбидeн план: Тие што не сакаат да се вакцинираат да се вакцинираат додека спијат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Луѓето што сѐ уште не сакаат да се вакцинираат против коронавирусот треба да се вакцинираат додека спијат, оцени денеска претседателот на Филипини, Родриго Дутерте.

„Знам дека многумина сѐ уште не сакаат да се вакцинираат и тие се проблем. Значи, ајде да влеземе во нивните куќи и да ги вакцинираме додека спијат. Крај на приказната“, предложи Дутерте во телевизиско обраќање велејќи дека тој ќе ја води акцијата, пренесува „Тас с“.

Тој посочи дека покрај имунизацијата, важно е да се носат маски и да се одржува дистанца бидејќи само тие мерки може да го спречат ширењето на коронавирусот во земјата.

Речиси 50 милиони дози вакцини против коронавирусот од разни производители се дадени на Филипините досега. Повеќе од 23 милиони луѓе се целосно имунизирани, а властите се надеваат дека ќе имунизираат до 70 милиони од 111,5 милиони жители до крајот на годината.

Дутерте претходно повика на донесување закон со кој ќе се дозволат затворски казни за оние што го прекршуваат карантинот. Тој исто така рече дека учесниците во масовните настани треба да одат во затвор.

На почетокот на јуни Дутерте рече дека оние што се свесни оти се позитивни на Ковид-19, но ги прекршуваат мерките, заразуваат други и предизвикуваат смрт, ќе бидат обвинети за убиство.

Досега 2,67 милиона луѓе се заразени од коронавирусот на Филипини, од кои околу 39.600 починале.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This