ДУИ БАРА КОНСЕНЗУАЛЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ: Кандидатите се Заев, Денко Малевски и Лазар Еленовски?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека јавноста е сведок на процедурата за измени на Уставот спротивно на вољата на референдумот, зад завесите се разговара и за следните претседателски избори кои треба да се одржат во Април 2019-та година, пренесува Магазин.

 

Имено, гласањето за смена на Уставот, што е главен политички проект на Заев, ДУИ го условила и со претходен договор за консензуален кандидат за Претседател на државата.

Али Ахмети очекува да најдат заеднички јазик со СДСМ, бидејќи на Заев му е јасно дека без ДУИ нема стабилна влада, ниту пак владата може да протурка некој побитен закон во собранието.

Предлогот на ДУИ за заеднички кандидат подразбира дека ДУИ нема да истакнува кандидат во првиот круг, туку ќе ги повика своите гласачи да го заокружат бројот на кандидатот на СДСМ. Доколку има договор со СДСМ, ДУИ нема да истакне свој кандидат дури и доколку свои кандидати за претседател во првиот круг имаат Алијансата на Села или БЕСА.

Освен тоа, Ахмети во разговорите ги поставил и барањата за претходен усогласен договор за идниот Гувернер на Народната Банка, за идниот началник на генерал-штабот на армијата, како и за идниот амбасадор во Вашингтон, позиции за кои ДУИ има партиски интерес.
Магазин, од извори во ДУИ, дознава кои се можните взаемно прифатливи кандидати на ДУИ за претседател на државата.

На прво место е Зоран Заев, сегашниот прв човек на Владата, кого ДУИ би го гласала за претседател на државата, бидејќи го ценат неговото досегашно залагање за нивните партиски барања.

Следен предлог на ДУИ за заеднички претседателски кандидат е професорот Денко Малески, кого Ахмети го смета за човек кој ги разбира барањата на Албанците во Македонија, а истовремено има и дипломатско искуство како поранешен министер за надворешни работи.

Предноста на Денко Малески се гледа и во неговата перцепција во јавноста, како јавна личност која не го поларизира општеството и немал некои фронтални ангажмани во политиката.

И на крајот, како можен кандидат за претседателските избори ДУИ го смета и Лазар Еленовски, кој како предлог на ДУИ беше испратен како амбасадор во Брисел, Белгија. Истовремено, мајката на Еленовски, судивката Мируше Еленовска, која е албанка по потекло, се смета за уште еден негов адут.

Тоа што некои функционери во СДСМ, посебно Радмила Шеќеринска, сепак го сметаат за непростива грешка, е фактот што во периодот 2006-08 година Лазар Еленовски беше еден од најблиските соработници на Груевски, како министер за одбрана во тогашната влада.

Во случајот на Радмила Шеќеринска има и еден личен момент, а тоа е нејзината амбиција токму таа да биде кандидат на СДСМ на претседателските избори во 2019-та година.

Како и да е, преговорите на оваа тема се веќе започнати, нив ги водат лично Заев и Ахмети, и пред конечното изгласување на уставните измени се очекува да се постигне и договор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This