ДУИ, БЕСА И АЛИЈАНСА ДОБИВААТ СИЛНА КОНКУРЕНЦИЈА: Заев атакува на епитетот најголема албанска партија во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев атакува да го превземе епитетот на најголема албанска партија за СДС, од рацете на досегашната ДУИ, но цели и на гласовите од БЕСА и Алијансата на Албанците на Зијадин Села

Денес, некогашниот „независен“ новинар Мухамед Зекири објави дека е назначен за потпретседател на СДС.

„Чест и голема одговорност да се биде потрпетседател на СДСМ. Благодарам на довербата“ – напиша Мухамед Зекири на неговиот ФБ профил, и ја обзнани намерата на Заев да го превземе епитетот на најголема албанска партија во Македонија.

Мухамед Зекири освен неговата политичка афилијација, се поврзува и со голем број на контакти во криминалниот свет, но и за координатор на контактите кои Оливер Спасовски и Зоран Заев ги остваруваа со криминални структури на Косово, меѓу кои и со директорот на безбедносните сили на Косово генералот и бивш припадник на УЧК Кадри Кастрати кој бил заинтересиран за купување на нелегално стекнтите прислушкувани разговори.

Со ваквиот потег на СДС и Зоран Заев, во непосредна опасност е иднината на изворните албански партии како ДУИ, ДПА, БЕСА и Алијанса на Албанците кои отсега ќе мора да се борат и со добро платената со странски пари пропаганда на СДС.

Сепак, според аналитичарите во ваква ситуација албанските партии се ставија самите, благодарение на нивната наивност и верба во ветувањата на Заев но и странските поддржувачи кои како што во една прилика истакна и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, со еден телефонски повик им забраниле на албанските партии да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This