ДУИ ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ СУДОТ: Функционери на ДУИ со гостиварскиот муфтија вршат притисок Агим Красниќи да остане во затвор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Семејството и пријателите на Агим Красниќи кој беше пуштен на слобода поради „нарушено здравје“, тврдат дека ДУИ врши притисок врз судиите тој да не биде ослободен согласно законот за амнестија кој го донесе оваа влада


Пред два дена, од семејството на Агим Красниќи информирале дека судовите под контрола на ДУИ вршеле притисок Агим Красниќи да не добие амнестија согласно законот за амнестија донесен од владата на СДСМ. До албанските медиуми, тие испратиле и фотографија за која тврдат дека е направена во Гостивар каде се одржал состанок на ДУИ и гостиварскиот муфтија, со цел да се спречи ослободувањето на Красниќи, пренесува КумановаСот.

Тие објаснуваат дека иако скопскиот суд го амнестирал, Красниќи има и дело во Гостиварскиот суд каде сега се врши притисок да биде осуден на затворска казна.

„Агим е обвинет и од гостиварскиот суд. Случајот беше наместен од ДУИ, овие две дела беа споени во едно и беше донесена пресуда во Скопје. Со законот за амнестија Агим требаше да излезе на слобода. Сепак, сега судот во Гостивар кој е под контрола на ДУИ, ја попречува амнестијата на Агим.“ вели братот на Агим Красниќи, Бесим Красниќи.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This