ДУИ ГО ТЕРОРИЗИРА СОПСТВЕНИОТ НАРОД: Ахмети води дволична политика – го краде сопствениот народ, креира локални шерифи додека Албанците леб јадат од парите испратени од странство!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во својата колумна за Независен.мк, ги обвини ДУИ дека го тероризираат својот народ создавајќи локални шерифи, додека мнозинството Албанци преживуваат со парите испратени од роднините кои работат во странство.

-Tоа е таа дволична политика на ДУИ од една страна секојдневно да го крадат пред сѐ својот албански народ, да го тероризираат создавајќи локални шерифи без кои не може никој ништо да направи, да не реализираат никакви проекти, лично да се богатат неколкумина додека мнозинството Албанци леб вадат во Швајцарија или Германија и пуштаат по некој франк или евро кај своите во Кичевско, Гостиварско, Липковско, Дебарско или Тетовско да преживеат- пишува Николоски.

Тој додава дека ДУИ за да ја прикрие својата неспособност им продава на Албанците големи приказни како законот за јазиците.

-Од друга страна ДУИ им продава на Албанците големи приказни како вештачкиот нов закон за употреба на јазикот или патриотската игра во корист на Албанија. Ова неодоливо потсетува на онаа приказна каде што големиот манипулатор слаткоречиво му кажува приказни за убавата иднина на сиромашниот човек и му покажува кон далечината како убава иднина која го чека, и додека сиромашниот човек гледа во далечината и ја замислува таа иднина, слаткоречивиот манипулатор му го краде на сиромашниот и последното што му останало. За жал, таа е вистината за ДУИ и за албанскиот народ во Македонија, каде што ДУИ е слаткоречивиот манипулатор, а албанскиот народ сиромавиот човек кој ја чека убавата иднина.- пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This