March 28, 2024, 11:46 pm

ДУИ ГО ТУРКА ФАТМИР БЕСИМИ ЗА НОВ ГУВЕРНЕР: По двојазичните банкноти, СДС најверојатно ќе го предложи Бесими за нов гувернер на НБРМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ДУИ го подготвува поранешниот министер за економија и за одбрана и вицепремиер за европски прашања, Фатмир Бесими, кој моментално му е советник на премиерот Зоран Заев, за нов гувернер на Народната банка по истекот на мандатот Димититар Богов во март, дознава Фокус.

Според високи извори од албанската владејачка партија, ДУИ смета дека Бесими e одлично решение за пополнување на оваа функција, со оглед дека е стручен кадар, кој дел од својата кариера ја минал и во централната банка, каде своевремено беше вицегувернер.

Покрај тоа, велат нашите соговорници од ДУИ, во прилог на изборот на Бесими оди и политичкиот контекст и политичката констелација, од причина што предлогот за прв човек на НБРМ го доставува претседателот Ѓорге Иванов, а го избира парламентарното мнозинство.

-Во прилог на Бесими оди тоа што тој се наметнува како стручно, но истовремено и како некакво компромисно решение, бидејќи Иванов попрво би предложил некој надвор од СДСМ, отколку некој од СДСМ или близок до оваа партија – вели функционер редовите на „интегративците”.

Инаку, актуелниот гувернер Богов беше избран од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со 62 гласа „за” во март 2011 година на предлог на Иванов, кога парламентот го бојкотираше тогашната опозиција предводена од СДСМ, но го бојкотираа и пратениците на ДУИ, иако тогаш беа во коалиција токму со ДПМНЕ.

Бесими одби да се произнесе околу информациите дека е најсериозен или еден од најсериозните кандидати нов гувернер на НБРМ, додека за тоа не добивме коментар ниту од СДСМ ниту од претседателскиот кабинет.

Во услови на кохабитација, неофицијално може да се дознае дека прашањето за избор на прв човек на Народната банка ќе се разгледува во заедно со други кадровски решенија каде се вкрстуваат надлежностите меѓу владата и претседателот, како упатувањето на амбасадори, а не се исклучува во пакет да се стават и некои политички теми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This