ДУИ ИМ СЕ НАЛУТИ НА КОАЛИЦИОНИТЕ ПАРТНЕРИ ОД СДСМ: Наводно пратениците на СДСМ не сакале да гласаат закон за јазици без амандманите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Законот за употреба на јазици ги скара коалиционите партнери од парламентарното мнозинство. Пратениците од ДУИ им се налутиле на своите колеги од СДСМ, затоа што наводно одбиле да го гласаат Законот без да се расправа за илјадниците амандмани поднесени од опозицијата.

Фото/Фокус

Неофицијално тоа било причината за неколкукратното одложување на вчерашната седница, која требаше да почне во 11 часот, но беше презакажувана. По вчерашните координации меѓу пратеничките групи немало договор како да се одблокира разгледувањето на Законот во трето читање. Причина било тоа што пратениците од СДСМ не се согласувале со намерата да се прескокне амандманската расправа, а на опозицијата да и се даде само право на процедурални забелешки.

Пратеникот Талат Џафери, наводно за провладините медиуми потврдил дека имало разногласие кај парламентарното мнозинство околу планот Законот за употреба на јазиците да се гласа без амандманска расправа, како би се изигнорирале илјадниците амандмани на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Џафери, дел од пратениците на СДСМ не дале своја поддршка на таквиот план, поради што немало доволно гласови да продолжи постапката, пишува „Фактор“.

Џафери е подготвен да закаже уште една седница на која директно ќе се гласа за донесување на Законот за употреба на јазиците без притоа да се прифати разгледување на 35 илјади амандмани кои опозицијата ги поднесе. Според него ВМРО-ДПМНЕ ќе има право на процедурална забелешка, но Собранието не смее да биде заложник за никого.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This