ДУИ И СДСМ ПАК СЕ CKAРАА: „Чистkaта на Заев треба да почне од Анѓушев“, вели Џеват Адеми од ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците од опозициските партии Движење Беса и Алијанса за Албанците, Фадил Зендели и Сирија Рашиди го обвиниja Премиерот и Вицепремиерот за економски прашања, дека странските инвестиции ги ориентираат кон источна Македонија, а не и во општините каде живеат Албанци.

„Јас сега ги слушам многу министри и претставници на Владата, а го имам слушнато и во минатото истото и сега продолжуваат со истото. Ако имаше инвестиции, тогаш беа насочени кон исток или во Скопје. Јас сум од Гостивар, за овие 30 години независност, таму немаше ниту една странска инвестиција“, изјави Фадил Зендели од Беса.

Сирија Рашиди од Алијанса за Албанците, рече дека за странските инвестиции одлучуваат Премиерот и Вицепремиерот за економски прашања, а не Министерот за економија.

„За жал се користи праксата премиерот или вицепремиерот за економски прашања на директен начин да се ангажираат со овие прашања. Јас знам и конкретен пример, инвеститор од Турција бил ycловен каде да инвестира. Дошол инвеститор, сакал да инвестира во зони каде главно живеат Албанци и Турци. Го ycловиле – ако нема инвестиции во исток, нивната инвестиција нема да помине“, изјави Сирија Рашиди од Алијанса за Албанците.

И пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, рече дека чистkaта на Заев треба да почне токму од вицепремиерот, Анѓушев.

„И за мене е зaгpижyвaчkи впечатокот, не фактот, дека вицепремиерот за економски прашања странските инвестиции ги ориентира кон централна и источна Македонија, тоа е ckaндалозно. Чистkaта на Заев треба да почне од него“, рече во студиото на ТВ21, Џеват Адеми од ДУИ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This