ДУИ И СДСМ СЕ ПРЕТОПУВААТ ВО ЕДНА ПАРТИЈА: СДСМ и ДУИ со заеднички изборен штаб

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владејачките коалициски партнери ги назначија главни изборни шефови за претседателските избори. Кампањата ќе биде заедничка, а задачите на изборните штабови се очекува да бидат одредени до крајот на оваа недела. Шефот на изборниот штаб на ДУИ, Изет Меџити, истакнува дека по подготвувањето на стратегијата, планот ќе биде претставен и пред локалните совети и разграноци за да се мобилизира членството, пренесува Алсат.

„Прашањето за состаноците и митинзите останува да се дискутира во наредните денови, по комплетирањето на генералниот штаб на ДУИ, на средба заедно со шефот на генералниот штаб на СДСМ, Александар Кирацовски. Ваква практика е референдумот или локалните избори од 2017 година кога имавме заедничка кампања“, рече Изет Меџити, шеф на изборниот штаб на ДУИ.

Финансирањето на кампањата ќе биде определено во заедничката стратегија на партнерите кои го поддржуваат Пендаровски.

„Во наредните денови ќе се формира генералниот штаб со посебни сектори за кампања, маркетинг, правен сектор, кој потоа ќе се прошири и кај младите и форумот на жени. При изготвувањето на стратегијата ќе се изработи финансиската структура во која ќе се разјасни прашањето за финансирањето“, додава Меџити.

Од СДСМ соопштуваат дека по собирањето на потребните потписи за кандидатот Стево Пендаровски, ќе започнат со структурирање и дефинирање на стратегијата за функционирање на штабот. Според генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски. СДСМ, ДУИ, ДПА, Алтернатива и уште 27 други политички субјекти се определија за Стево Пендаровски како заеднички претседателски кандидат.

За прв пат во историјата на претседателските избори, партиите што ја сочинуваат владината коалиција се определени за заеднички кандидат. Албанската опозиција, односно Алијансата за Албанците и Движењето Беса излегоа во поддршка за независната кандидатура на професорот Блерим Река.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This