ДУИ И СДСМ СИ ПОСТАВИЈА ПАРТИСКИ СУДИИ: Алијанса на Албанците открива како се корумпира судството во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанската партија Алијанса за Албанците реагира за изборот на судии, кои, според неа, се делегираат од партиските седишта на СДСМ и ДУИ.

 


По изборот на нови судии од страна на Републичкиот судски совет, се огласи и Зијадин Села, кој преку соопштение праша каков кредибилитет нудат Сухби Јакупи кој дури и за Џес Бејли беше корумпиран фунционер или Џелал Бајрами од МВР?

Во продолжение во целост ви пренесуваме дело од соопштението од Алијанса за Албанците:

Дека Македонија нема намера да го реформира судскиот систем, покажува и вчерашниот избор на партиски судии од страна на Републичкиот судски совет, кој е трансформиран во гласачка машинерија со избирање на кандидати кои се делегираат од партиските седишта на СДСМ и ДУИ.

Сухби Јакупи кој се избра за виш судија на Управен суд, кадар на ДУИ, поранешен член на Државната изборна комисија, кој беше принуден да поднесе оставка заедно со другите колеги од ДИК, поради злоупотреба на службената положба, и на нетранспарентен начин, покрај редовната плата си делеле и по неколку дополнителни плати за себе, и големи финансиски средства за патување, спротивно на сите постојни нормативи и критериуми за овие намени.

Истото лице, си поднесе оставка од функцијата, по алармот на Амбасадата на САД во Скопје преку амбасадор Џес Бејли, кој ДИК ја оцени како корумпирана институција, вчера беше избран за виш судија на Управен суд.

Се поставува прашањето, каков морален кредибилитет и личен интегритет има Сухби Јакупи за да ја извршува судската должност?

Каква правда ќе им делат на граѓаните партиски судии од видот на Сухби Јакупи, поранешен член на ДИК, делегиран од страна на ДУИ или од Џелал Бајрами, виш републички обвинител, поранешен заменик министерот од ДУИ во Министерството за внатрешни работи, или некој друг, а кои се на важни позиции, каде што се дели правда, а доаѓа преку непотизам.

Каков правен систем и правна држава може да биде Македонија, кога судии и обвинителите се делегираат од страна на токму оние политички партии, чии политички претставници се дел од истрагите и постапките за криминал и корупција?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This