April 23, 2024, 10:08 am

ДУИ МУ ВРАТИ НА ЛИКА: Да одеше на работа ќе знаеше што се случува!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако вицепремиерот Хазби Лика и поранешни вeтepaни на OBK кажаа дека ДУИ зад грб работел на ykинyвaњe на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и негова трансформација во министерство за политички систем и односи помеѓу заедниците од ДУИ одговорија дека Лека не одел на работа во Влада и заради тоа не бил во тек со ситуацијата.

Како што пренесува ТВ 21 од ДУИ истакнуваат дека cpaмота е Лика да не знае за предлогот бидејќи тој е дел од платформата на партијата и додаваат дела Лика на функцијата е избран за да ја спроведе изборната програма, а не за да отcycтвува од работа.

„ДУИ ја потсетува пошироката јавност во земјава дека иницијативата за унапредување и трансформирање на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците потекнува од квалитативната Анализа за Охридскиот договор од 2015 година, од изборната платформа на ДУИ „2020“, од Албанската платформа и од договорот за Влада. Пратениците, исто како и министрите кои се избрани во овој парламентарен и владин состав се избрани врз основа на ветената програма на изборите во 2016 година“, реагира ДУИ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This