ДУИ НЕМА ДА ИМА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ БЕЗ ВМРО-ДПМНЕ: Бејта се противел на коалиција со ВМРО-ДПМНЕ со чии гласови стана градоначалник!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не­кои лу­ѓе од ра­ко­водс­тво­то на ДУИ, ка­ко, на при­мер, Нев­зат Беј­та, из­ле­гоа от­во­ре­но про­тив ко­а­ли­ци­ја со ВМРО-ДПМНЕ и Вас ве­леј­ќи де­ка сте ги ири­ти­ра­ле, по­ни­жи­ле и нав­ре­ди­ле Ал­бан­ци­те и де­ка сте упот­ре­би­ле реч­ник про­тив Ал­бан­ци­те. Тој ка­жа де­ка не срет­нал Ал­ба­нец што ре­кол ,,да“ за вла­де­е­ње­то на Ни­ко­ла Гру­ев­ски.

gruevski_sipkovica

– Не сме ги нав­ре­ди­ле Ал­бан­ци­те со ниш­то, а уш­те по­мал­ку сме ги по­ни­жи­ле, и за тоа го­во­рев мно­гу во мо­е­то прет­ход­но ин­тер­вју што де­но­ви­ве се об­ја­ву­ва­ше. Да­ли не­ко­го сме ири­ти­ра­ле не знам, но ако сме го ири­ти­ра­ле со неш­то, си­гур­но не би­ло на­мер­но и свес­но.
Во од­нос на тоа де­ка Беј­та не срет­нал Ал­ба­нец што ре­кол ,,да“ за вла­де­е­ње­то на Ни­ко­ла Гру­ев­ски, не мо­жам да ко­мен­ти­рам, но знам де­ка јас поз­на­вам мно­гу так­ви кои мис­лат и ана­ли­зи­ра­ат со сво­ја гла­ва, а не со сер­ви­ра­ни ин­фор­ма­ции од ал­бан­ски­те ме­ди­у­ми и пла­те­ни­ци на Со­рос. Еден од оние Ал­бан­ци што ги поз­на­вам и кој се ис­так­ну­ва­ше во тоа е ток­му Нев­зат Беј­та.

Во што се ис­так­ну­вал Беј­та?

– Тој бе­ше дел од вла­да­та што ја пред­во­дев и мо­жам да ка­жам дека е еден од оние ал­бан­ски по­ли­ти­ча­ри што со нај­воз­ви­шу­вач­ки збо­ро­ви го­во­ре­ле за ме­не и за мо­ја­та ра­бо­та, не са­мо во на­ши­те не­фор­мал­ни раз­го­во­ри, ту­ку и на сед­ни­ци­те на Вла­да­та што си­гур­но стои низ сте­ног­ра­ми­те. Има ед­на ре­че­ни­ца ко­ја мно­гу чес­то ја пов­то­ру­ва­ше, осо­бе­но от­ка­ко му за­вр­ши ман­да­тот во Вла­да­та и ко­га ста­на гра­до­на­чал­ник, а тоа е де­ка мно­гу на­у­чил од ме­не го­во­реј­ќи го тоа во нај­по­зи­тив­на­та смис­ла на збо­рот, и ми рас­ка­жу­ва­ше и де­ка тоа им го го­во­рел и на Ма­ке­дон­ци­те во Гос­ти­вар, а осо­бе­но на на­ши­те ак­ти­вис­ти. По­доц­на не­кои од нив ми го пот­вр­ди­ја тоа. Оде­ше и по­на­та­му ка­жу­вај­ќи што на­у­чил, но да не одам во де­та­ли, ќе ка­жам са­мо де­ка Беј­та си­гур­но од ме­не не чул и не на­у­чил да ги по­ни­жу­ва и нав­ре­ду­ва Ал­бан­ци­те.

Кол­ку што се се­ќа­вам, тој по пр­ви­от круг на из­бо­ри­те во Гос­ти­вар гу­бе­ше, а во вто­ри­от ко­га се вклу­чи­ја ма­ке­дон­ски­те гла­са­чи и по­бе­ди. Од ма­ке­дон­ски­те пар­тии та­му ВМРО-ДПМНЕ ужи­ва нај­го­ле­ма до­вер­ба?

-Да, та­ка бе­ше. За жал, на пос­лед­на­та мо­ја по­се­та на Гос­ти­вар за­бе­ле­жав го­ле­мо не­за­до­вол­ство од не­го­ва­та ра­бо­та кај Ма­ке­дон­ци­те, но и кај Ро­ми­те и Тур­ци­те во Гос­ти­вар. Се­пак, има уш­те мал­ку вре­ме до мај за да го по­доб­ри впе­ча­то­кот со ре­ал­ни про­ек­ти и ре­ша­ва­ња проб­ле­ми, и тој и не­кои дру­ги гра­до­на­чал­ни­ци на ДУИ кои на се­кои из­бо­ри ја ба­ра­ат под­дрш­ка­та не са­мо од Ал­бан­ци­те ту­ку и од Ма­ке­дон­ци­те и од дру­ги­те гра­ѓа­ни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This