ДУИ се заkaни: Ако нема премиер Албанец, ќе нема ни влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако нема премиер Албанец ќе нема ни влада. Ова сублимирано е позицијата на ДУИ со која ќе ги притиска Зоран Заев или Христијан Мицкоски во зависност од тоа кој ќе биде победникот на изборите, за реализација на понудата на Али Ахмети за прв премиер Албанец на Македонија, брифираат за Плусинфо функционери од ДУИ.

Кандидатот за премиер, како што најави Ахмети, ќе го соопштат на првиот ден од изборната кампања. Дознаваме дека во игра за кандидат за премиер се петмина интелектуалци од сферата на економијата и дека Ахмети ќе пресече кој ќе биде адутот кој ќе треба да ги „исфрли“ Заев или Мицкоски од престижната функција.

– Ако Заев или Мицкоски дефинитивно ја отфрлат понудата, а ДУИ е победник на изборите во албанскиот политички блок и од нас зависи формирањето на новата влада, тогаш ќе нема ни влада, ќе има политичка криза и нови избори– брифира функционер од ДУИ.

Според него, во таков случај ни СДСМ, ни ВМРО-ДПМНЕ нема да можат да направат влада, бидејќи ќе немаат доволно мнозинство, односно ДУИ како победничка партија кај Албанците повторно ќе инсистира на коалиција победник со победник, но овојпат и со премиер Албанец.

Од партијата не прецизираат како ќе спречат СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ да формираат влада со другите партии на Албанците, дали повторно ќе дејствуваат вонинституционално, со протести по улиците како по изборите во 2006 година. Од таму велат дека за тоа, органите на партијата ќе одлучуваат кога ќе дојде време.

Висок функционер на ДУИ е убеден дека ќе има влада со премиер Албанец и дека тоа го кажува компетентно и со основа.

– Платформата за прв премиер Албанец кај Албанците станува сѐ повеќе референдумско изјаснување. Концептот ги мобилизираше сите општествени слоеви кај Албанците, а секако добива секој ден сѐ поголема поддршка и кај другите заедници. Ова е лавина која нема да може да се спречи, а целта е благородна, еднаква шанса и целосна еднаквост за сите – вели функционерот на ДУИ.

Освен предлогот за премиер Албанец, Ахмети веќе ги испорача и другите црвени линии за владина коалиција – договорите за добрососедство и за името. Тој во интервју за косовска телевизија порача дека секој што е против Преспанскиот договор и против Договорот за добрососедство со Бугарија, не може да смета на партнерство со ДУИ во идната влада.

Извор: Плусинфо

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This