ДУИ СИ ГО ПРИСВОИ ЕЛЕНОВСКИ: Лазар Еленовски е поставен по наш предлог на владина седница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Назначувањето на Лазар Еленовски како специјален пратеник на Владата на Република Македонија за НАТО интеграции во Брисел е по предлог на ДУИ, соопшти вечерва партијата.

„Со оглед на објавените информации во јавноста за назначувањето на Лазар Еленовски, би сакале да ја информираме јавноста, дека г-дин Лазар Еленовски, исто како и во 2012 година, кога беше назначен за амбасадор во Брисел, така и сега, назначен е како специјален пратеник на Владата во НАТО, како кадровско решение предложено од партијата ДУИ“, се вели во соопштението од ДУИ.

Според партијата, Еленовски претставува исклучително стручен познавач на евроатлантските интеграции и со своето знаење и експертиза ќе обезбеди значаен придонес во евроатлантските аспирации на Република Македонија.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This