ДУИ ЈА МЕНУВА ПЛОЧАТА И ОМЕКНУВА: Села дури сега ќе формира тело за драфтирање на закон, Ахмети си разговара со Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Станува јасно дека предлозите на ДУИ во голема мера задираат во Уставот и дека Заев не е подготвен на такво нешто бидејќи знае дека без поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тоа нема можност да се изгласа во Собранието

auto_Ahmeti-Sela-780x4391487083012
Партиите на Албанците кои ја потпишаа платформата на Еди Рама различно оценуваат до каде се преговорите за формирање влада. Додека ДУИ и СДСМ забрзано се договараат околу потписите што Заев треба да ги добие за да стане мандатар, Зијадин Села од „Алијансата за Албанците“ најавува дека допрва ќе се формира тело кое треба да подготви закон за употреба на албанскиот јазик.

Села беше дециден дека новиот предлог-закон мора да произлезе од ова тело и дека ќе бидат потребни уставни измени. Токму околу уставните измени албанските партии се контрадикторни.

Бујар-Османи

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, викендот објави дека предлог-законот за јазикот не отстапува од Уставот, што целосно е спротивно од она што го пишуваше во платформата каде што се бараше промена на Уставот и утврдување на албанскиот јазик како официјален.

„Постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик во сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија“ стои во платформата на ДУИ, Беса и „Алијансата за Албанците“.

Станува јасно дека предлозите на ДУИ во голема мера задираат во Уставот и дека Заев не е подготвен на такво нешто бидејќи знае дека без поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тоа нема можност да се изгласа во Собранието.

Движењето Беса, кое исто така е потписник на платформата, од друга страна одбива секаква средба со ДУИ. Оттаму велат дека некои политички субјекти на Албанците ја присвоиле платформата и сакаат да си ги припишат заслугите.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This