ДУИ ЌЕ КОАЛИЦИРА СО ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети води лукава политка која на крајот ќе резултира со коалиција со Груевски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, води една лукава политика која на крајот ќе резултира со одлука да се коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, нагласува политичкиот аналитичар Нијази Мухамеди.

nijazi-muhamedi-640x360

Според него, во донесувањето на конечната одлука Ахмети ќе се води од разумот, а тој вели дека во овој момент за ДУИ е подобро да ја задржи актуелната владина коалиција.

– Албанците не треба да се влечат ни зад СДСМ ни зад ВМРО-ДПМНЕ. Но, во последно време СДСМ се обидува да ги употреби Албанците против Македонците и обратно. Ахмети сепак ќе одигра лукаво и ќе донесе одлука за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ – анализира Мухамеди за Телеграф.мк.

Тој е дециден дека во најлоша варијанта Ахмети би прифатил некаква техничка влада или нови избори, но не и коалиција со СДСМ.

– Иако се мисли дека ДУИ на овие избори освои помалку пратеници, тоа не е точно бидејќи ако се одземат гласовите на Албанците што отидоа кај СДСМ, односот помеѓу нив и ВМРО-ДПМНЕ ќе биде повторно седум-осум пратеници – вели Мухамеди.

Според него, малку е веројатно дека овој пат странскиот фактор ќе се меша во составувањето на владата и ќе го поздрави финалниот договор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This