ДУИ ЌЕ СЕ ОФАЈДИ ОД МЕТЛАТА: Направен пазарот за замена на директорските места!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжуваат прегворите за смени во вториот ешалон. Минатата недела, Зоран Заев изјави дека на следниот владин состанок ќе бидат донесени првите одлуки.

Алсат информира дека неофицијално се дознава оти од редовите на ДУИ, „метлата“ на Заев ќе ги опфати: Директорот на Бирото за јавни набавки Бардул Насуфи, директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Вулнет Адеми, директорот на Јавното претпријатије “Македонија пат“, Гајур Кадриу, директорката на Службата за заеднички работи на Клиничкиот центар, Шкодране Дарлишта, директорот на Јавното претпријатие “Македонски железници“, Ирфан Асани.

Во размена со горанаведените директори, Алсат неофицијално дознава дека ДУИ ги претендира Агенцијата за технолошки иновации, Пазарниот инспекторат, ЕЛЕМ, МЕПСО како и Дирекцијата за имотно-правни прашања.

Во рамки на измените ќе бидат опфатени и директори од комуналните јавни претпријатија и управувачките одбори.

Од ДУИ ниту ги потврдyваат или пак нeгираат имиња со кои се шпекyлира, туку додаваат дека и натаму се е во фаза на преговори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This