Дуковска: Власта во Македонија работи пpoтив националните интереси, повикyвaм на македонско обeдинyвaњe нa пpoтecтoт нa 25-ти aпpил

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ана Дуковска македонската активистка од Вашингтон, во вклучување во “Што не е јасно“ на Алфа телевизија, истакна дека власта во Македонија донесе само уништување, работи против националните интереси, но и повика на македонско обединување на 25-ти април.

– Повеќе од четири години откако е ова старо-нова гарнитура на власт во Македонија имаме само уништување, никакво капитално остварување за иднината на Македонија или за некакво подобро утре за граѓаните, ставот наш на дијаспората е дека од почетокот на шарената револуција до сега оваа власт работи против националните интереси на Македонците, и работи на уништување на се она што макотрпно се работело и се создало во Македонија, вели Дуковска.

Таа во врска со народниот протест за 27-ми април, вели дека е една од организаторите на овој протест, како и останати 12 луѓе активисти од дијаспората, и на 25-ти април во 11 часот пред Владата.

– Македонскиот марш тргнува преку булевар Даме Груев и булевар Димитрија Цуповски, преку булевар 11-ти Октомври, за во 13 часот да стигнеме во Собранието, каде што со едно мало означување да ја обележиме удолнината по која тргна Македонија, вели Дуковска.

Дуковска вели дека собир ќе има пред парламентот во Лондон, како и симболични настани во црквите во Австралија, целта е да се потикне македонско обединување.

– Би апелирала кон сите во Македонија и политичките партии да улествуваат затоа што целта наша е да направиме притисок врз иснтитуциите за да се спроведе правично судење и слобода на уставобранителите, да чекориме сите под македонски знамиња обединето, порача Дуковска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This