Дуковски: Го затворија Бојан Јовановски за да ги прикријат крупните ѕверки кои имале допир со парите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание на дебатната емисија „Што не е јасно” гостуваше адвокатот Сашо Дуковски, кој зборуваше за случајот “Рекет” како и за тенденциозниот пристап од страна на судот врз случајот со Бојан Јовановски.

Адвокатот Дуковски се осврна на пресудата која што му беше изречена на неговиот клиент Бојан Јовановски во времетраење од девет години, што според него е крајно некоректна одлука која не е поткрепена на докази. Тој вели дека неговиот клиент Јовановски не е главната фигура во случајот „Рекет” и дека е злоупотребен.

„Ништо не укажува на тоа дека Бојан Јовановски има било каква поврзаност со рекетот кој наводно го направил. Судот дефинитивно донесе одлука која ќе мора во иднина да се преиспита поради тоа што ваквиот начин на носење одлуки не доликува на една таква сериозна институција”, вели Дуковски.

Тој додаде дека судот донесува одлуки политички и дека целата процедура укажувала на тоа дека сите страни во случајот единствено сакаат да го затворат Бојан Јовановски, а да спасат поголеми ѕверки кои незаконски имале допир со тие пари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This