ДУКОВСКИ ЗА ДРАКОНСКАТА КАЗНА ЗА ЧАВКОВ:Реков над 14 години ќе биде казната, сите предвидувања беа потврдени, не е за изненадување ни за мене ни за Чавков

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Погодив во прогнозите. Реков над 14 години ќе биде казната, сите предвидувања беа потврдени. Се наоѓа во притвор со незаконита одлука за незаконит судски совет, кој нема право да ја донесе таа одлука бидејќи во тој момент беше завршена главната расправа и тоа укажуваше само на една ситуација- драконска затворска казна 2 год помалку од законскиот максимум.


Тоа е нешто што го знаевме од почетокот на процесот, од август знаевме, не е за изненадување ни за мене ни за обвинетиот. Пресудата не е производ на утврдена фактичка состојба, нема ни д од кривичното дело за кое се обвинува. Секако ќе поднесеме жалба и ќе видиме до каде ќе стигнеме. Сигурен сум дека Судот на правната логика, особено во Стразбур, ова нема да го прифати – рече Сашко Дукоски, адвокат на Митко Чавков, во изјавата за медиумите по изречената драконски голема казна од 18 години затвор која ја доби неговиот клиент Чавков.

Вели дека не се изненадени од пресудата затоа што истата ја очекувале, со оглед на фактот што, како што рече, Чавков не сторил ни “д“ од делото за кое е осуден.

Адвокатот вели дека тој и Чавков се смирени и немаат никаква причина за загриженост.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This