Дуковски: Кичеец е агент провокатор – oдлично соработувал со Русковска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во гостувањето во телевизија 24, адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски истакна дека Зоран Милески Кичеец е агент провокатор кој во текот на целата постапка е во блиска соработка со Русковска и обвинителството. Тој изрази доза на зачуденост зошто Милески во ниту еден момент не беше повикан од страна на Вилма Русковска да сведочи за случајот како човек кој ја призна вината. Дополнително тој посочи на УСБ на кое се наоѓале 6 нелегално снимени разговори кои обвинителството ги користело како докази, а биле доставени од страна на Милески.

 

-Зошто обвинителството кое што е така благонаклно и со лесно постапува со Зоран Милевски Кичеец. Го пушта во фаза на истрага. Внимавајте тој е соизвршител, без неговото дејствие според обвинителството не би можелео да се изврши кривичното дело. И сега вие го пуштате во фаза на истрага. Осудено лице излегува од привтор за една секунда. И зошто ние да го викнеме да сведочи? Јас да сум обвинител сметам дека тука е најголемата грешка, златното правило во правосудството, не викај сведок за кој што не си сигурен што ќе каже. Или обратно кажано. Јас да бев на местото на обвинителката Вилма Русковска како прв сведок ќе го викнев Зоран Милевски Кичеец. Ова прашање треба на нејзе да и го поставите, а не мене. Ако тогаш е таква фактичката состојба не знам зошто обвинителството кое благонаклно кон него ќе ни ја бетонираше на нас како одбрана и ние само ќе ги спуштевме главите и немаше да можеме да кажеме ништо. Но Русковска не го стори тоа, истото важи за вештачењето на телефонот, за вештачењето на хард дисковите. Јас ако сум обвинител ако имам цврст предмет се ќе изведам се ќе дозволам. Тој призна вина имајќи ја во предвид неговата структура на личност како сведок тој се ќе направеше за да помине полесно. Впрочем се виде. Вас ви завршува истрагата на 09/10/2019-та година, а тој дава УСБ со 6 нелегални снимки и е коопетаривен со обвинителството, кои снимки обвинителството ги користи како доказ. Што нас би ни помогнал тој таканаречен сведок, тој не е сведок туку агент провокатор. Ова го тврдам со полна одговорност, вели Дуковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This