April 26, 2024, 12:29 pm

Дуковски: Македонија може да живее од извоз на meдицински kaнабис

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Власта предлага измени на законот за медицински канабис, опозицијата најави блокирање на целото Собрание ако се донесе таков закон, сомневајќи се во можности за криминал. Производителите на канабис сметаат дека ако се развие правилно економски оваа индустрија, Македонија може да живее само од оваа гранка. Претседателот на здружението „Макканабис“ Костадин Дуковски во интервју за РСЕ вели дека се надева оти опозицијата ќе го смени ставот и дека изборот на кадри во Агенцијата ќе биде според критериуми.

РСЕ: Премиерот Зоран Заев на прес конференција изјави дека сув цвет канабис и сега се извезува, додека во владиното соопштение е наведено дека со новиот предлог закон кој помина на владина седница се овозможува извоз на сув цвет на канабис. Која од овие две работи е точна?

Дуковски: „Можноста за извоз на сув цвет и претходно беше дозволена со самото усогласување на конвенцијата на Обединетите Нации за класификација на канабисот. Проблемот беше во член 49 од законот за опојни дроги, каде што даваше класификација за категорија II и III а канабисот не беше усогласен, беше уште во прва категорија кај нас, во Република Северна Македонија. Откако се усогласи тоа согласно Обединетите Нации и согласно препораките на Светската здравствена организација, после тоа се овозможи шансата да се извезува цвет. Меѓутоа со овие законски измени кои што сега се предлог на Владата подолго време работиме и можам да кажам дека околу две години работиме со Владата за да го најдеме најсоодветното решение, со компаративна анализа за тоа како функционира системски во другите држави. Со оваа можност се стави и европското знаменце, затоа што со самото формирање на Агенцијата за канабис, тогаш веќе се овозможува многу подзаконски акти да ги донесе самата Агенција, и со тоа ќе се овозможи полесно функционирање. Сега имаме многу небулози со Агенцијата за лекови, не знаат како да постапат, а со самото формирање на агенцијата тие системски проблеми би се решиле“.

РСЕ: Колку од фирмите кои произведуваат канабис за медицински цели според досегашните законски решенија можат да извезуваат сув цвет на канабис?

Дуковски: „Можат речиси сите доколку ги исполнат условите. Меѓутоа зависи од купецот за која држава е наменет, или пак зависи за каков производ зборуваме. Ако зборуваме за медицински цели каде што начинот на примената на пациентите е со евапорација, тоа значи сувиот цвет е краен производ. Се зависи од тоа како тие го консумираат тој производ“.

РСЕ: Во пари колку би значела таа загуба?

Дуковски: „Во износ зависи која е крајната цена на тој цвет. Зависи од начинот на култивизација каков е, се тоа има улога во крајниот износ на препродажба. Ако соодветно го култивизирате, тој може да има и пет до десет евра од грам, затоа што претставува екстремно фармацевтски производ. Во дадени моменти ако имаме 20 тони во залиха, но не сите се одгледувани така, некој цвет на пазарот би одел и за 800 евра од килограм. Зависи од начинот на култивизација и третирањето и пост бербата, начинот на сушење, ако е по ЏНП стандард, тогаш тој производ оди со повисока цена. Ако земеме просек да речеме две евра од килограм на целата количина, тогаш би имале 50 до 60 милиони од продажба на целата залиха“.

РСЕ: Дали очекувате поддршка од другите партии за овој предлог закон да помине лесно во Собранието?

Дуковски: „Така е, да. Со оглед на тоа дека ВМРО- ДПМНЕ имаат многу негативен пристап и тие кажуваат дека ние ќе бидеме наркокартели и така натаму. Но, за разлика од нив другите земји не го гледаат тоа така, тие гледаат како да пристапат за пациентите да може да го консумираат тоа. Така да тоа зависи од каков ви е пристапот кон тоа. Јас би апелирал до ВМРО-ДПМНЕ малку да имаат подруг став во однос на ова, затоа што сепак некој ценел и мислел дека е соодветно и ставил европско знаменце и дека системските решенија се соодветни и ценам дека треба малку пристапот да го сменат кон овој закон“.

РСЕ: Какви се вашите очекувања од Агенцијата, очекувате професионално тело или уште една институција со партиски кадри ?

Дуковски: „Партиските кадри не можеме да ги изземеме, тоа веќе ни е доволно познато. Затоа што правиме нова институција и се надевам дека малку ќе внимаваме со кадрите. Не значи дека ако примиме на оглас дека ќе биде соодветен кадар, меѓутоа можеме да ги поставиме критериумите. Оваа материја е во континуиран раст и во континуирано подобрување на знаењето. Јас би апелирал тој што ќе седне на тоа столче во Агенцијата да вложи во кадрите и во нивната едукација за да не дојдеме во ситуација да не се разбираме, затоа што претежно такво ни е искуството со институциите во Република Македонија. Ние секојдневно се соочуваме со да речеме несоодветна квалификација на човечките ресурси. Се надевам дека агенцијата ќе си вложи во нивните кадри, во човечките ресурси и во континуирана едукација на нивните кадри. Само така можеме да успееме. Сакам да кажам без разлика на квалификацијата дали е партиски член или не, ние мораме да вложуваме во континуитет на човечките ресурси“.

РСЕ: Може ли да ги сублимирате сите бенефити кои вие ги очекувате од носењето на овој закон?

Дуковски: „Бенефитите се многу сериозни затоа што ќе се оданочува овој производ, тоа значи дека директна фискална импликација ќе имаме сите. Бенефитите со агенцијата се дека одреден процент ќе оди во агенцијата, а другиот ќе оди во буџетот на РМ. Тоа значи дека ние и тоа како ќе учествуваме во буџетот, можам да кажам дека ако сериозно ја развиеме оваа гранка, ние дури можеме со една четвртина во буџетот на РМ да дејствуваме, затоа што реално пазарот има потреба од овој производ и има сериозна потрошувачка. А ние треба да достигнеме до тоа ниво каде што можеме доволно економски да ја развиеме индустријата и можам да кажам дека Македонија може да живее само од оваа гранка“.

Извор: Радио Слободна Европа

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This