ДУПЕЊЕ ВО ЗДРАВ МОЗОК: Хунтата на власт го ослободи убиецот на деца од Смилковско, го затвори Борис Дамовски и Владо Јованоски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека осудените за „Монструм“ вечерва излегуваат на слобода, судот ја преиначи одлуката и го притвори Борис Дамовски, еден од предводниците на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Околу 18:30 часот, полицијата дошла во домот на Дамовски и го привела, откако Судот ја уважил жалбата на ЈО и за него и ја преиначил одлуката од куќен притвор во ефективен.

Кривичниот суд во Скопје ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и им одреди мерка притвор од 30 дена на уште две лица за настаните во македонското Собрание од 27 април. Покрај Дамовски, мерка притвор од 30 дена му е одредена и на актерот Владо Јовановски.

Истовремено, обвинетите за тероризам, кои убија 5 лица кај Смилковско Езеро се пуштени да се бранат од слобода со услов да се јавуваат два пати неделно на суд.

Сами Љута вечерва излезе од затворот во населбата Шуто Оризари, како прв од четворицата осудени во случајот „Монструм“, за кој Врховниот суд денеска ја укина пресудата и го врати предметот повторно во скопскиот Кривичен суд.

При излегувањето бил поздравен со аплаузи од најблиските.

По него од затворот во Шуто Оризари и од „Идризово“ треба да излезат и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Хаки Азири.

Врховниот суд денеска донесе решение со кое обвинетите во случајот „Монструм“, кои беа осудени на доживотни затворски казни, се пуштени на слобода.

На обвинетите Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута им се определени други мерки за претпазливост, односно забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште, како и двапати неделно јавување пред Основниот суд Скопје 1.

Врховниот суд ги укина шесте доживотни казни и со пресуда го врати предметот во нов судски процес.

Лицата осомничени за убиство на децата и рибарот кај Смилковското Езеро ќе бидат дома, а наспроти тоа во притвор се оние кои ја пееја македонската химна во Собрание.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This