ДУРИ И СО ЛАЖНИ И НАРАЧАНИ АНКЕТИ ЈАСНО Е ОД ШТО СТРАВУВА ЗАЕВ:Повеќе од 58 проценти од граѓаните на Македонија против промена на името

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нарачаната анкета директно од Бихаќа која ја спроведе МЦМС ги разјасни стравовите на СДСМ и Зоран Заев во врска со успешноста на престојниот референдум. Имено лесна математичка операција е да се соберат сите оние кои не се изјасниле дека ќе гласаат Зз на престојниот референдум. Иако многу веројатно е дека анкетата е лажирана, дури и со овие бројки Заев нема шанси за спроведување на успешен референдум и промена на името, па оттаму е јасно зошто тој е само консултативен. Според анкетата против на референдумот ќе гласаат 35.1 од граѓаните, 12.4 нема да гласаат, додека 1.9 одбиваат да одговорат, а 9.2 проценти наводно се уште не знаат. На референдумот за ќе гласаат само 41.5 проценти од анкетираните граѓани.

Со други зборови 58.5 проценти од граѓаните се против промена на името и прифаќање на капитулантскиот договор со Грција. Сигурно се прашувате од каде ви е оваа весела математика. Тоа е многу едноставно доколку земеме во предвид дека во Македонија владее вистински режим и не е ни чудно што 11.5 проценти не одговориле што конкретно ќе прават во врска со референдумот за промена на името. Дури и само збирот на оние кои со гласање против или бојкотирање на референдумот сакаат да ја спречат промената на името е поголем од оние кои ќе гласаат за. Поточно збирната бројка на оние кои велат дека ќе бојкотираат и ќе гласаат против е 47.5 проценти што е бројка повторно поголема од 41.5 процени колку што одговориле дека се за.

Оттука јасно е јасно доколку сите оние кои се против договорот се обединат и го #Бојкотираат референдумот, тоа ќе значи политичка пензија за Зоран Заев.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This