April 16, 2024, 10:55 pm

ДУРИ СЕГА ЗАПОЧНУВА НЕПОТИЗМОТ И ПАРТИЗАЦИЈАТА: Горан Мисовски си ја поставил кумашинката за директор на Централен Регистар!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо департизација на институциите како што ветуваше Заев и платеничката револуција, се чини дека дури сега започнува партизацијата на државните институции и непотизмот кој владее во коалицијата на Заев

Новата директорка на Централниот регистар, Марија Бошковска – Јанковски која на позицијата беше поставена минатата недела, е всушност екс-шефицата на кабинетот на Тито Петковски, но и кумашинка на еден од обвинетите пучисти кои на 27 април предизвикаа хаос во Собранието, пратеникот Горан Мисовски.

Претходно, Мисовски лобирал за неговата кумашинка Бошковска – Јанковски да ја добие позицијата шеф на кабинет на Тито Петковски, како унапрдување од секретарското место.

Секако, овој тренд е веќе добро познат и во СЈО каде Катица Јанева на интерни конкурси, спротивно на законот вработуваше фамилијарни членови на високи функционери на СДС, но и нејзини блиски роднини.

Така на пример Катица ги вработи ќерката на Еско Рахиќ, Боки Бургија, Катерина Рамбабова (чија мајка беше на кандидатска листа на СДСМ), Ѓорѓи Камчев од Кавадарци (член на шарените), Катица Јанева во СЈО си го вработила и шоферот од Основниот суд во Гевгелија како личен шофер, а неговото име е Вили Јанев.

Јанева, го вработи и сопствениот внук, недипломираниот Ѓорѓе Делиџаков.

Освен ова, Оливер Спасовски минатата недела во само еден ден подели 300 решенија за вработување на партиски војници, притоа спротивно на законот за полиција но и кариерно напредување, разреши и деградираше професионалци кои во МВР работат повеќе децении.

Спасовски ги вработил и синовите и членовите на семејствата на голем број партиски поттрчковци, како во случајот со телохранителот на Заев чиј татко е нов началник на СВР Струмица.

 

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This